Филмовите „Хомо“ и „Исчезнатитот“ на осмото издание на фестивалот „Балканска Панорама” во Турција

– Филмовите „Хомо“ на Игор Иванов и „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи ќе се натпреваруваат на осмото издание на Филмскиот фестивал „Балканска Панорама” во Измир во Турција.

Фестивалот е во организација на oпштина Буча, поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција и општина Измир, а ќе се одржи од 21-27 мaj оваа година.

На фестивалот аплицираа филмови од 16 балкански земји. Станува збор за вкупно 614 апликации, 115 странски долгометражни филмови, 349 странски кратки филмови, 21 домашни долгометражни и 129 домашни кратки филмови.

Како резултат на евалуацијата на прелиминарното жири составено од шест члена, двете филмови од нашата држава се избрани да се натпреваруваат за наградата „Жолт чадор“ во конкуренција за странски долгометражни филмови и во конкуренција „Дарио Морено“ во рамките на програма на фестивалот.