Игор Филевски: Велат, Италија сепак има шанса да заигра на светското во Катар

Велат, Италија сепак има шанса да заигра на светското во Катар, поради тоа што ФИФА има шанси да го исфрли Иран од учеството кое си го обезбеди, поради тоа што не дозволиле да влезат сите 2000 жени што имале купено влезници за натпреварот против Либан, поради нивните закони и шеријатски убедувања. (дозволиле влез на премала бројка жени)

Не е тоа во ред, никако.

Но тоа се случуваше и се дозволуваше од ФИФА и на сите претходни натпревари, а не беше санкционирано. А сега имаме еден момент кој се вика Италија, премногу кеш, адвертајзинг, популизам, профит.

И кој одлучува за тоа Иран да биде исфрлен и на негово место да биде ставена Италија, иако беше елиминирана?

Англо-саксонските владетели, ко овие во Британија, лулката на денешната цивилизација, во која и во овој момент функционира елитниот светски познат колеџ „Итон“ основан уште во 15 век, (колеџ од коj излегле 18 премиери на Британија), а замислете, и ден денес не прима женски студенти. Да, да.

Тоа била вековна традиција.

Не прима студенти кои се жени!

Во него можат да се запишат само машки деца, да учат и да се образуваат и да станат елитната класа во Британија.

Забрането за девојки! (и не ми кажувајте за верзијата на „Итон“ која прима и девојчиња! Тоа е само варијанта, не е „Итон“!)

Е тие одлучуваат.

Тие одлучуваат Иран да биде исфрлен, а да оди Италија наместо него.

Тоа е тоа.

Естаблишмент лицемерие, политика, брутален безобразлук!

Имаше многу начини како да се регулира тоа во Иран, ако се сакаше, многу претходно.
Не вака и не сега, откога испаднаа најголемите фаворит, европскиот шампион, двапати едно по друго.

Ужас.

Премногу лицемерно.