Казнети 160 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

 Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се санкционирани 160 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.