Конференеција „Дигитализација во стручното образование и обука“

– Во хотел „Мериот“ денеска, заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе се обрати на промотивниот настан „Дигитализација во стручното образование и обука“, организиран од Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“ и Швајцарската агенција за развој и соработка.

– На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од повеќе активности поврзани со унапредување на средното стручно образование преку негова дигитализација, а акцентот ќе биде ставен на промоција на нова платформа ИНОВЕТ (inovet.edu.mk), што ќе служи како дигитална база за професионално усовршување на наставниците од средните стручни училишта. Преку платформата, наставниците ќе добиваат информации за обуки и курсеви и ќе можат истите да се реализираат онлајн, соопштија од Министерството за образование и наука.