Пад на заработувачката на германските екипи

– Приходите на клубовите во Бундеслигата во сезоната 2020/21 опаднале за повеќе од 8.5 отсто, од 3.8 милијарди евра на 3.47 милијарди и тоа откако поради пандемијата на коронавирусот многу натпревари беа одиграни пред празни трибини, објави денеска Германската фудбалска лига (ДФЛ).

Во декември 2020 година ДФЛ прогнозираше пад на приходите од околу една милијарда евра за сезоната 2020/21, во случај стадионите во текот на целата сезона да останат затворени за навивачите.

– Во последните две години пандемијата имаше драматично економско влијание на Бундеслигата … За жал, тоа се рефлектира и оваа сезона, особено бидејќи трибините и натаму честопати мораат да останат празни, изјави портпаролката на ДФЛ, Доната Хофен.

Извештајот покажува дека германски клубови помалку сакаат да инвестираат во нови играчи, бидејќи и приходите од трансфери, исто така, покажуваат значителен пад, и тоа на 469 милиони евра од 533 милиони, колку што беше регистрирано во сезоната 2015/16.