Правосуден форум „Родовата еднаквост и Западниот Балкан“

– Првиот Правосуден форум „Родовата еднаквост и Западниот Балкан“ ќе се одржи денеска и утре во Будва (Црна Гора), во организација на AIRE Центарот со поддршка на Владата на Обединетото Кралство и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

– Форумот ќе ги собере на едно место судиите на Европскиот суд за човекови права и судиите и експертите од регионот за да разговараат за клучните начела на родовата еднаквост воспоставени со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права. На Форумот ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, и потпретседателката на Европскиот суд за човекови права, Сиофра О’Лири, соопштија од AIRE Центар.