Приведени 45 лица на Шри Ланка поради насилен протест пред домот на претседателот

 Полицијата на Шри Ланка приведе 45 демонстранти, кои  синоќа протестираа пред домот на претседателот Готабхаја Рајапакса поради недостиг на храна, гориво и на струја.

Полицијата воведе полициски час и употреби солзавец врз демонстрантите, кои се обидувале да ги отстранат барикадите и запалиле ден автобус.

Претседателот Рајапакса немилите настани ги препиша на „екстремистички елементи“.

Критичарите на претседателот, укажуваат на рангирањето на корупцијата и непотизмот, неговите браќа и внуци заземаат неколку клучни министерски ресори, како една од главните причини за ситуацијата во земјата.

Извештаи околу тоа како претседателот и неговите министри се изземени од прекините на струјата, заедно со раскошното прикажување на богатството од страна на членови на семејството, само го зголемија гневот, пишува Би-Би-Си.