Прво финале во Мајами за Осака

 – Јапонската тенисерка Наоми Осака за прв пат во кариерата ќе се бори за титулата на Мајами Опен, откако во полуфиналето ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ со 4-6, 6-3, 6-4.
Јапонката ја забележа првата победа во четвртиот меѓусебен натпревар, со пресврт и отсервирани 14 од своите 18 асови во вториот и третиот сет.
За четирикатната грен-слем победничка ова е 11 финале во кариерата, а прво по пауза од една година.
Противничка на Осака, која е 77 рангирана на ВТА листата, ќе биде победничката од второто полуфинале меѓу Ига Свјонтек од Полска и Американката Џесика Пегула.