Санкционирани над 150 возачи во Скопје

– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31 март) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје.

– Изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 13 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, 55 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР.

Од таму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.