Три училишта во Подгорица евакуирани поради дојава за бомба

– Три училишта во Подгорица и едно во Бијело Поље денеска се евакуирани поради дојава за подметнати експлозивни направи.

За дојавите за експлозивни направи во школите соопшти црногорското Министерство за образование и наука.

„По дојавата за бомба во некои училишта, директорите на училиштата ги презедоа сите неопходни мерки и децата се безбедни, објави РТЦГ.

Од полицијата велат дека ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност и дека наскоро ќе се огласат со соопштение.