За живот без пластични кеси – продолжува акцијата за поделба на биоразградливи торби

Компанијата Mozzart од недела во недела покренува бројни еколошки иницијативи за зачувување на животната средина

Голема акција за чистење во Велес, па продолжување на борбата во Скопје за живот без пластични кеси. Компанијата Mozzart од недела во недела покренува бројни еколошки иницијативи за зачувување на животната средина. Веднаш по уредувањето на просторот покрај коритото на реката Вардар, зелениот караван се пресели во престолнината, каде што продолжи поделбата на биоразградливите торби.

Пазарите ширум Скопје во претходните недели станаа уште позелени, бидејќи Mozzart подели околу 2.000 еко-торби. Овој пат подароците ги израдуваа посетителите на Зелениот пазар.

„Акцијата ја започнавме веднаш штом стапи на сила обврската за наплата на пластични кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Посетивме многубројни зелени пазари и укажавме на важноста за отстранување на кесите од секојдневната употреба. Платнените торби се многу попрактични, тоа е мала промена која секој од нас може да ја направи, а воедно да придонесе за почисто животно опкружување“, изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

Претставниците на регионалниот лидер во приредување игри на среќа претходно ги здружија силите со Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, како дел од кампањата подигната на национално ниво “ИСЧИСТИ ЈА ПЛАНИНАТА – МАКЕДОНИЈА“. На тој ден 21 извиднички одред спроведоа заедничка акција на чистење на дивите депонии по повод почетокот на пролетта.

Од Mozzart порачуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите иницијативи и да организираат акции со цел да ја подигнат еколошката свест кај граѓаните.