Завршени расправите по предлог-законите за платежни услуги и платни системи и за спречување перење пари и финансирање тероризам

– Во Собранието денеска во рамки на 66-та собраниска седница беа завршени расправите за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, за кој дополнително ќе се гласа, како и за Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што преминува на второ читање.

Во однос на Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, претениците од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики бидејќи се носи по скратена постапка и оти не бил прифатен ниту еден амандман што бил поднесен од нивна страна. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека со овој предлог-закон „Владата ќе направи упад во сите банкарски тајни“.

Во рамки на двете расправи за предлог законите претениците од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија позицијата дека постојано ја злоупотребува Комисијата за европски прашања.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, при обраќањето за Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам нагласи дека не може сите закони, од различни области да се даваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи таа Комисија не е составена од експерти од сите области.

– Во последниот Извештај на Европската Комисија убаво пишува дека треба да се стави крај на носење на закони во скратена постапка и дека треба да се посветиме на имплементација на донесените закони, но ниту едно ова не се почитува. Овој закон е испратен или ќе оди во погрешка комисија. Под итно треба да ставиме крај на злоупотребата на Комисијата за европски прашање како сенадлежна комисија и како матично тело. Не седат во таа комисија мудреци кои знаат се, потенцираше Силјановска Дафкова.

Собранието продолжува со работа со 30-та седница.