Панел-дискусија на тема „Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии“

– Како дел од проектот „ФИЛТЕР“, здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија „3.14 Брокули“ денеска во Кинотеката на Северна Македонија организира панел-дискусија на тема „Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии“.

– Првата епизода под наслов: “ФИЛТЕР – Текстилна индустрија” e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Ќе се обработат повеќе теми за текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови „зелени“ материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други, информираат од здружението

Модератор на настанот ќе биде Мартин Атанасовски, а учество ќе земат проф. д-р Пеце Недановски, Марија Божиновска Богојевска, директорка за увоз-извоз во Окитекс, проф. д-р Игор Јорданов од Институт за текстилно инженерство, Христина Алексовска одговорен соработник во „Копче“, Александра Спасеска дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia и модните дизајнери Ирина Тошева и Драган Христов.