Руската армија се повлече од аеродромот во близина на Киев

– По неколку недели поминати на аеродромот Антонов, 28 километри северозападно од Киев, руските сили одеднаш се повлекоа, покажуваат нови сателитски снимки.

Заземањето на аеродромот Антонов беше првата голема победа што Русите ја забележаа на првиот ден од војната – 24 февруари. Бројни транспортни и јуришни хеликоптери ја нападнале базата, во која имало и украински војници, потсетуваат светските агенции.