САД воведуваат нови извозни ограничувања за повеќе руски и белоруски компании

– Владата на САД најави нова рунда извозни ограничувања што ги погодуваат Русија и Белорусија.

Соединетите Американски Држави ја проширија листата на субјекти кои не можат да добиваат витални технологии, со додавање на 120 правни лица, главно компании поврзани со воената сфера.

Американското Министерство за трговија соопшти дека овој потег има за цел „да ги ослаби одбранбените, воздушните, поморските и другите стратешки сектори на Русија и Белорусија како одговор на бруталниот напад на Русија врз суверенитетот на Украина“.

Според американската влада, ваквите мерки ќе помогнат да се спречи технологијата и софтверот да стигнат до воените сектори во Русија и Белорусија.

Американското Министерство за трговија досега вклучи вкупно 260 субјекти на листата поради руската инвазија на Украина.