Санкционирани 157 возачи за брзо возење

–  Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи.

– Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место, соопшти денеска МВР.

Од МВР истакнаа дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.