Анкета: Се намалува разликата помеѓу Макрон и Ле Пен

 Се намалува разликата меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, додека Жан-Лук Меланшон е на третото место. Пад на рејтингот е забележан и кај претседателските кандидати Ерик Земур и Валери Пекрес, покажуваат резултатите од најновата анкета, јави дописникот на МИА.

Според анкетата на Ифоп, изработена за „Журнал ди Диманш“, 27 проценти од испитаниците изјавиле дека на 10 април ќе гласаат за Макрон, а 22 отсто за Ле Пен.

Додека за Меланшон се изјасниле 15 проценти од анкетираните, со што се зголемува разликата помеѓу него и Земур и Пекрес кои имаат рејтинг од околу 10 проценти.

Анкетите покажуваат и голема стапката на апстиненција, 31 отсто од Французите не планираат да излезат на гласањето идната недела. За споредба, во 2017 година, стапката на апстиненција беше 22,23 проценти во првиот, 25,44 отсто во вториот круг.