Холандската Влада апелира до граѓаните да штедат на греење

– Владата на Холандија ги повика граѓаните да го намалат греењето на своите домови со цел да се намали зависноста од руските енергенси.

Како дел од мерките се намалува температурата  за два степени Целзиусови во официјалните институции во Холандија.

Холанѓаните преку огласите во весниците и преку онлајн кампања побараа греењето во домовите да биде максимални 19 степени Целзиусови.