Коњуфца: Албанците во јужна Србија се најугнетениот и најдискриминиран народ во Европа

– Претседателот на Собраниетео на Косово, Глаук Коњуфца, по средбата со единствениот пратеник Албанец во актуелното Собрание на Србија, Шаип Камбери, изјави дека Албанците од Прешевската долина, областа во јужна Србија населена со мнозинско албанско население, се „најугнетениот и најдискриминиран народ во Европа“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешната објава на неговата страница на Фејсбук, по средбата со Камбери, Коњуфца напиша дека „храброста и решителноста“ на претставникот на Албанците од Прешевската долина во српскиот Парламент „треба да им служат за пример на сите“.

– Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе се најугнетениот и најдискриминираниот народ во Европа. Ова угнетување во Собранието на Србија посебно го демаскира пратеникот Камбери. Поддршката од Република Косово ќе расте уште повеќе во иднина. Во одбрана на нашите права ќе бидеме заедно, порача Коњуфца.