Мишел најави нови санкции кон Русија

– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги осуди „злосторствата“ извршени од руските сили во предградијата на Киев и вети дека ќе има нови санкции кон Русија.

– Шокиран сум од прогонувачките слики од злосторствата извршени од руската армија во ослободениот регион Киев, напиша Мишел на Твитер.

Тој додаде дека Европска Унија и помага на Украина и на невладините организации во собирањето на потребните докази за гонење пред меѓународните судови.