Швјонтек по третата титула во низа: Треба да славам затоа што не знам колку долго ќе трае

 Полската тенисерка Ига Швјонтек ги искажа своите впечатоци по победата над Наоми Осака извојувана вчеравечер во финалето на турнирот во Мајами (6:4, 6:0).

– Јас сум многу задоволна и горда на себе. Мислам дека треба да славам бидејќи не знам колку ќе трае оваа победничка серија. Се чувствувам привилегирана што сум на врвот, нешто за што не можев ни да сонувам пред неколку години. Знаев дека ќе биде тешко да се одиграат два турнири по ред, дека треба на секој нов натпревар да се пристапи чекор по чекор. Научив многу за себе – на пример, дека можам да продолжам напред и дека сепак нема потреба да освојувам 100% од бодовите на секој меч за да победам. Сега можам да си верувам повеќе. Оваа победничка серија ми помогна да се чувствувам посигурна и да се искачам на лидерското место на ранг-листата, изјави Швјонтек.

За Швјонтек ова беше третата титула во низа, 17 последователна победа и 20. Освоен сет по ред.

Утре полската тенисерка за прв пат ќе стане светски тениски рекет број 1, откако ВТА ќе ја објави најновата ранг-листа.