Во Лас Вегас ќе се одржат 64. Греми наградите

– Во Лас Вегас вечерва се одржува 64. доделување на Греми наградите. Како и минатата година, церемонијата ќе ја води комичарот Тревор Ноа.

Џастин Бибер, американскиот рапер Доја Кат и Габриела Вилсон, позната под уметничкото име Х.Е.Р. имаат по осум номинации, а Били Ајлиш седум.

Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена поради појавата на сојот Омикрон.

Греми, основана во 1959 година, е годишна награда за исклучителен придонес во музиката и дискографијата, која ја доделува Американската академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).