„Волстрит џурнал“: ЦИА уште во средината на јануари го предупреди Киев за намерите на Русија

– Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) уште во средината на јануари ги информирала  украинските власти за планираната  руската инвазија.

Според весникот доставените информации се основа за успешното запирање на руските сили.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс во средината на јануари бил во тајна посета на Киев, при што го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски за плановите на Русија.

„Волстрит џурнал“ наведува дека ЦИА во тоа време знаела за плановите на Русија да ја нападнат Украина од Белорусија и првенствено да заземат аеродромот Гостомел, за да го користат како почетна точка за напад на Киев.

Според весникот некои западни сојузници не верувале во американските разузнавачки информации односно дека Путин навистина планира инвазија.