Зеленски: Руските сили имаат за цел да го заземат источниот и јужниот дел на Украина

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.

Тој и се пожали дека западните држави не обезбедиле доволно противракетни системи за Украина.

Зеленски ги пофали силите кои го бранат опколениот пристаништен град Мариупол, бидејќи „ нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време“.