Бензините поевтинуваат за 2,5, дизелот за 1,5 денари

– Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денари, а за денар Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Намалувањето на малопродажбите цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти  во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува  81 денар за литар, а 83 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 82 денари, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,976 денари и килограм ќе чини 54,154 денари.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646 проценти или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275 проценти или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 процент или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204 проценти или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223  проценти понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува РКЕ во образложението за новата цена на нафтените деривати.