Без вода корисниците од улица „Воин Драшкоци“ во Хром

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 милиметри на улица „Воин Драшкоци“ број 6, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица во скопската населба Хром.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае се до завршување на работните активности.