Чавушоглу: Каналите за дијалог со Грција поотворени од порано

 Каналите за дијалог со Грција, денес се поотворени од порано, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, јави турската телевизија НТВ.

Министерот изрази надеж дека позитивната агенда, ќе доведе до создавање на средина, каде Турција и Грција искрено ќе разговараат за билатералните прашања. Тој посочи дека Турција го прави тоа што е потребно и очекува и Грција да ја покаже истата волја.

Чавушоглу во интервју за магазинот Критер зборуваше за односите со Грција и за други актуелни прашања.

Тој ја опиша својата земја како „клучен актер“ во источниот Медитеран. Според него, треба да се воспостави сеопфатна соработка во регионот, а додаде и дека обидите за исклучување на кипарските Турци, се осудени на неуспех.