Николоски: Честитки за Виктор Орбан за убедливата победа на изборите!

Честитки за Orbán Viktor за убедливата победа на изборите! Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имавме чест да бидеме дел од прославата на големата победа за Унгарија и ЕУ. Со оваа победа Орбан станува Премиер со најмногу мандати во земја членка на ЕУ. Оваа победа испиша историја.

Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија и ќе стори се што може Македонија да напредува кон ЕУ, кон подобар животен стандард и повеќе инвестиции.