ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина

 – ЕУ донесе одлука да пренасочи дека од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од војната во Украина.

ЕУ порача дека оваа “брза измена на законодавството“ е доказ за “постојната солидарност на ЕУ со бегалците од Украина“ како и со земјите кои ги примаат овие бегалци, пред сѐ земјите соседи на Украина.

Средствата треба да се искористат за здравство, сместување и образование.