Гвардиола за мечот против Атлетико: Утре ќе видите нова тактика, ќе играме со 12 играчи

 Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола зборуваше за подготовките за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

– Во оваа фаза секој противник е тежок. Секој тим има свој начин на игра. Мора да се прилагодите. Пред натпреварите од Лигата на шампионите секогаш размислувам премногу. Утре ќе видите нова тактика на теренот. Премногу размислувам, веројатно затоа имам добри резултати на овој турнир. Би било досадно ако секогаш играм на ист начин. Денес добив инспирација и утре ќе покажам неверојатна тактика. Утре ќе играме со 12 играчи! – ги цитира зборовите на Гвардиола „Би-би-си“.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Атлетико ќе се одигра утре, 5 април. Почетокот е во 21 часот.