Познати учесниците во кошаркарската Суперлига

 На едно коло пред крајот на основниот дел во македонското кошаркарско првенство, познати се шесте екипи кои ќе продолжат да се борат за шампионскиот трофеј.

Еуро Никел и ТФТ си обезбедија место помеѓу шесте најдобри по вчерашните средби од 21. коло на кои кавадарчани го совладаа Работнички, а Феникс загуби од МЗТ Скопје Аеродром.

Резултати:
Работнички – Еуро Никел 68:87
МЗТ Скопје Уни Банка – Куманово 62:70
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 87:74
Ангели – КОжув 72:76.

Во саботата, Гостивар – Пелистер 64:81.

На 6 април ќе играат ТФТ и Академија ФМП.

Масто во Суперлигата изборија: Пелистер 40 бода, МЗТ Скопје Аеродром 39, Еуро Никел 34, Навико Академија ФМП 34 (натпревар помалку), Гостивар 33, Феникс 32 (натпревар помалку).