Премиерот на Баварија бара смена на германската министерка за одбрана бидејќи ја „срами“ земјата

– Премиерот на германската покраина Баварија Маркус Зедер побара смена на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

На седницата на претседателството на ЦСУ, чиј лидер е, Зедер рече дека Ламбрехт не одговара на моменталната ситуација. Тој оцени, како што пренесува Билд, дека Ламбрехт ја „срами“ Германија пред Украина и западните партнери. Зедер го повика канцеларот Олаф Шолц да направи смена во владиниот кабинет.

Причината за новите критики е одлуката на Ламбрехт да одбие испорака на оклопни транспортери во Украина. Според извештајот на „Велт“, Ламбрехт го „отфрлила“ барањето на Киев, бидејќи сите германски оклопни транспортери биле вклучени за потребите на НАТО. Зедер, од друга страна, нагласи: Потребно е повеќе оружје за Украина. Германија мора да испорачува оружје без да стане страна во војната. Германија прави многу малку“.