Рамос заигра за ПСЖ за прв пат од јануари и беше исвиркан од навивачите

 Одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос влезе како резерва синоќа на домашниот натпревар од францускиот шампионат со Лориен (5:1) во 72. минута.

Триесет и шестгодишниот Шпанец нема играно од 23 јануари. Многу навивачи го исвиркуваа секој допир со топката на Рамос.

Дефанзивецот минатото лето бесплатно се пресели од Реал Мадрид во Пари Сен Жермен. Оттогаш поради здравствени проблеми одигра само шест натпревари и постигна еден гол.