Седници на две собраниски комисии

– Во Собранието за денеска се закажани седници на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-законот за ратификација на Договорот со САД за безбедносни мерки за заштита на класифицирани информации, Предлог-законот за ратификација на измените на Договорот со Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој и Предлог законот за ратификација на техничкиот аранжман меѓу Владата на Република Македонија и Врховната Команда на сојузничките сили за Европа за воздушно патролирање над територија на државава.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа за Предлог-одлуката за давање согласност на општиот акт на Народниот правобранител и за Предлог декларацијата за борба против корупцијата.