– Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот во засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 913 возачи.
Од нив, 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, информираа денеска од МВР, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.