Даниел Крејг и Мајли Сајрус позитивни на Ковид-19

– Коронавирусот сè уште кружи ширум светот, и ѕвездите сè уште стануваат жртви на заразата. Меѓу последните заразени славни личности е „Џејмс Бонд 007“ глумецот Даниел Крејг.

Даниел Крејг (54) во мигов е актуелен со познатата Бродвеј-претстава „Магбет“, според приказната на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе. Саботните настапи беа откажани.

„Денешните настапи – и дневните и вечерните, се откажани бидејќи Даниел Крејг доби позитивен резултат за Ковид. Се извинуваме за непријатностите предизвикани кај купувачите на билети, но безбедноста на нашата публика, глумци и тимот останува наш главен приоритет. Сите билети за откажаната претстава ќе бидат отплатени“, се вели во официјалното соопштение.

Глумецот со оваа претстава има ограничен 15-неделен ангажман.

И Мајли Сајрус на својот интернет-простор откри дека е позитивна на Ковид-19, и тоа неколку дена пред доделувањето на „Греми“ наградите. Еден ден претходно, Мајли Сајрус го објави својот прв албум „во живо“, под наслов „Warning: Miley Live“, којшто ги вклучува новите песни „Warning“ и „You“, но и стари хитови како „We Can’t Stop“, „Wrecking Ball“ или „Where Is My Mind“.

Таа меѓу другото, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека добро се чувствува и оти сè е в ред.