ЕУ утре најверојатно ќе усвои нови санкции против Русија

– Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон.

– Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени утре“, изјави тој денеска за радиото РФИ, додавајќи дека ЕУ треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија.

Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча. Нејзиниот претставник во ОН, Василиј Небензја, рече дека Русија денеска ќе претстави „емпириски докази“ до Советот за безбедност на ОН што покажуваат дека нејзините сили не биле вклучени во злосторства.