Комисиска расправа за заканите до институциите и училиштата на Црна Гора

– Еден од лидерите на Демократскиот фронт и претседател на собраниската Комисија за безбедност на Милан Кнежевиќ денеска закажа седница на тоа тело, а на дневен ред е и одлуката за контролната расправа за заканите упатени до институциите и училиштата на Црна Гора.

Комисијата треба да донесе одлука за сослушување на директорите на Полициската управа и на Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и на главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ.

Кнежевиќ смета дека одлуката за распитот на овие тројца ќе биде донесена и посочи дека вистината е важна и оти сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Закани до Владата на Црна Гора, МВР и Градската управа на Подгорица пристигнаа во петокот по електронска пошта, а наводно е потпишана и организацијата „Машка држава“, чиј лидер е Владислав Поздњаков. Во пораките се бара промена на власта во Црна Гора и раководството на Агенцијата за национална безбедност, а во спротивно се заканувале дека ќе кренат училишта во воздух.