Куба ја укина 60-годишната забрана за професионалниот бокс

 Кубанските боксери се слободни да се натпреваруваат на професионално ниво за прв пат од 1962 година, објави „ESPN“.

Националната боксерска федерација ја укина 60-годишната забрана откако постигна договор со организаторот на „Golden Ring“, промотивно шоу кое ќе се одржи на 20 мај во Мексико.

Во шоуто се очекува да учествуваат олимписките шампиони од Токио, Хулио Сезар Ла Круз, Арлен Лопез, Рониел Иглесијас и Енди Круз.

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, во 1962 година донесе забрана за професионален спорт. И покрај оваа забрана, во Куба се создадоа добри услови за развој на спортот, помеѓу нив еден од најпознатите е боксот. Кубанските боксери и тренери се меѓу најдобрите во светот.