Претпладне облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност

– Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.