Проф. Цуцуловски: Незнаењето не ослободува

НЕЗНАЕЊЕТО НЕ ОСЛОБОДУВА. Од Државниот завод за статистика се извинуваат за грешките од минатогодишниот попис. За вакви грешки не се доволни само извинувања, туку потребни се оставки, после кои би требало да се утврди кои се вистинските, правите причини што довеле до грешките/„грешките“.

Ако биле направени свесно, тогаш за тој чин законски се одговара. Се одговара и ако се направени од незнаење, бидејќи незнаењето никого не ослободува, туку само накнадно о б в и н у в а. Да поминеш на црвено светло, затоа што не си знаел дека поминувањето на црвено е забрането, не ослободува, туку уште повеќе обвинува, бидејќи не можеш свесно да учествуваш во сообраќајот, без да ги знаеш сообраќајните правила. Во случајов, правилата и методите на статистиката.