Русија: САД да престанат со снабдување оружје за Украина, тоа допринесува за поголем број жртви

 „Американските власти треба да престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев. Тоа допринесува до поголем број жртви“, се наведува во соопштението на руската амбасада во САД.

Соопштението е реакција на изјавата на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност, Бони Џенкинс, околу заканите од неексплодирани убојни средства, што, наводно, ги оставиле руските вооружени сили на територијата на Украина, појаснуваат медиуми.

„Таквите обвинувања изгледаат апсурдно во позадина на американското снабдување на режимот во Киев, што е во тек, со смртоносно оружје. Во оружјето што САД му го доставија на киевскиот режим, има и МАНПАДС рачни противавионски ракетни системи и АТГМ рачни противтенковски ракетни фрлачи што украинските вооружени сили и националните баталјони ги оставаат зад себе на теренот во големи количини“, пишува во соопштението на руската амбасада во САД.

Се истакнува и дека посебно е загрижувачка одлуката, украинските власти да им го поделат американското оружје на радикалите и на поранешни криминалци, кои се придружиле на силите за територијална одбрана.

„Повикуваме Вашингтон да престане да внесува смртоносно оружје во Украина. САД се тие што предизвикуваат раст на бројот на жртви“, се тврди во соопштението.