Samsung Galaxy S22 Ultra и уметникот Fat Cap Sprays ја покажуваат својата креативност – кога паѓа мрак

Како дел од кампањата „Ноќта во ново светло“, Samsung Electronics со уличниот уметник и ѕвездата на Тик Ток, Fat Cap Sprays, прикажа ново видео кое можете да го погледнете на линкот https://www.samsung.com/mk/explore/photography/night-in-new-light/.

Темата е „Обожаватели на сите страни“ во која, благодарение на камерата на Samsung Galaxy S22 Ultra, уличниот уметник Fat Cap Sprays допира до обожавателите на секој агол.

Четирите епизоди од овој екстравагантен уметник, кои се емитуваат еднаш неделно, ни даваат можност за прв пат да ѕирнеме во светот на ноќната улична уметност, благодарение на неверојатно прецизните фотографии и снимки создадени од камерата на Galaxy S22 Ultra. Опцијата Nightography на S22 Ultra ви овозможува да фотографирате исклучителни, јасни фотографии во секакви услови на осветлување.

Ова е втора епизода од серијата, а во следните две недели не очекуваат уште две нови епизоди.

Повеќе информации за Galaxy S22 Ultra можете да погледнете на линкот https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

 

[su_image_carousel source=”media: 621124,621123,621122″ limit=”100″ crop=”none” image_size=”medium_large”]