Украинско МО: Се очекуваат нови руски напади врз Харков

– Украинското Министерство за одбрана очекува нови руски напади врз опколениот источен град Харков, изјави доцна синоќа портпаролот на Министерството за одбрана Олександр Мотузјаник, пренесува ДПА.

– Руските војници се подготвуваат да го заземат градот, изјави Мотузјаник за весникот „Украинска правда“.

Руските сили во другите делови на Украина, исто така, вршат засилувања, додаде тој.