Зголемен водостојот на Охридското Езеро

– За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 12 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за април. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,84 метри со што е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од просекот за овој период од годината.