Велика Британија воведе санкции против Сбербанк

Велика Британија воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, јави Би-Би-Си.

Лондон исто така, се обврза да го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на 2022 година.

Претходно, Белата куќа Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и кон сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Новиот пакет санкции се одговор на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на масакрот на цивилите во Буча.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*