„Амазон“ нaјави над 3.000 интернет-сателити во Земјината Орбита

– „Проектот Кујпер“ како иницијатива на „Амазон“ соопшти дека се резервирани десетици лансирања на свои интернет-сателити во Земјината Орбита. Сателитите ќе бидат поставени преку моќни ракети кои ги развива европската компанија „Аријанспејс“, со американските „Јунајтед лонч алијанс“ и „Блуе ориџин“.

Предвидени се вкупно 83 лансирања со ракети, во период од пет години, со цел поставување на мрежата од 3.236 сателити на. Подробнсти за цените на договорот, не се соопштени, но познато е дека се вложија милијарди долари во три зделки, според наводите на Џејмс Воткинс, гласноговорник на „Проект Кујпер“. И „Амазон“ потврди дека ова е „најголемиот договор за лансирање ракети“ во историјата.

Сателитите во ниската орбита на Земјата ќе треба да обезбедат интернет-покриеност на целата планета. За да се користи системот, ќе треба да се има посебна антена којашто беше најавена во 2020 година.

Концептот е доста сличен на постарата сателитска интернет-мрежа „Старлинк“ на „Спејс-Икс“, која ќе се состои од 10-ци илјади сателити коишто би обезбедувале интернет од ниската орбита на Земјата. „Старлинк“ досега има околу 250.000 корисници, а „Кујпер“ сѐ уште нема лансирано ниту еден сателит.

Од ракетите,, засега во функција е само ракетата „Атлас В“. Кога потребните ракети ќе бидат готови ќе имаат и поголема товарна носивост.