Бугарија: „Преродба“ со автобуси донесе демонстранти, меѓу кои некои се ознаката „Z“ на грбот

  Автобуси ги донесоа приврзаниците на бугарската партија „Преродба“ на протест пред зградата на парламентот, кој треба да започне во 12 часот, јави БГНЕС.

Учесниците на најавениот национален протест против владината коалиција се симнаа од автобусите и минибусите на плоштадот Батенберг и пеш се упатија кон зградата на Народното собрание. Меѓу нив има и такви кои се со симболот „Z“ на грбот, кој означува поддршка за Кремљ и руската војна во Украина, јави репортерот на БГНЕС.

Освен бугарски, во центарот на главниот град се веат и руски знамиња. На Споменикот на Цар ослободителот пред зградата на Собранието е закачен голем црвен постер со правописна грешка, на кој пишува: „Моќна морална и духовна поддршка за братска Русија од целиот бугарски народ и Бугарија! Почна!!!”.

Пред зградата на бугарското Народно собрание се поставени метални огради.

„Преродба“ протестира за да го искаже својот став дека Бугарија нема место во воениот конфликт меѓу Украина и Русија и не треба да и дава оружје на Украина.

Според најмалата пратеничка група во 47. Народно собрание, официјална Софија не смее да дозволи да се стационира воена опрема и војници на НАТО на територијата на Бугарија.

Демонстрантите бараат итна оставка од премиерот Кирил Петков и од целата влада. ссм/

фото: БГНЕС