Феникс постави клупски рекорд

 Тимот на Феникс санс утрово ги совлада Лос Анџелес лејкерс со 121:110 во натпреварот од регуларната сезона во НБА. Санс ја забележаа 63. победа и поставија клупскиот рекорд за најмногу победи во основниот дел од сезоната.

Феникс го обезбеди првото место во западната конференција со 63 победи и 16 порази.

Рекордната победа на Феникс ги лиши Лејкерси од шансите за влез во плеј-ин. Тимот од Лос Анџелес нема да може да се искачи над 11. место на табелата на Западната конференција.