Фудбал: Кадетите убедливо поразени од Словачка

 Македонската фудбалска репрезентација до 15 години беше убедливо поразена од Словачка со 4:1 на контролниот натпревар одигран вчера помеѓу овие две селекции во Сенец.

Словачка беше подобар противник во текот на сите 90. минути, сосема заслужено издвојува убедлива победа.

Првиот гол, домаќинот го постигна во 16. минута преку Шимон Влна. Израмни Каменчо Андоновски три минути подоцна. Во периодот од 23 до 27 минута, Словачка постигна два гола за убедлива предност од 3:1. Стрелци беа Мартин Бачик и Николас Гучик. Конечниот резултат го постави Милан Полча во 68.минута.

Двете репрезентации утре од 11 часот ќе одиграат уште еден меѓусебен пријателски натпревар.